Ердоган: „Турција своите цели ќе ги оствари со ентузијазмот на нашите деца и млади“

Духот на 23 април 1920, одлучноста за независност, вербата во нашето братство и единство се најголемиот аманет кој што ќе му го пренесеме на идните поколенија

1403638
Ердоган: „Турција своите цели ќе ги оствари со ентузијазмот на нашите деца и млади“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ќе се крене на рамењата на децата и младите и со нивниот динамизам и ентузијазам ќе ги оствари предвидените цели за 2023 и 2071 година.

По повод 23-ти април, Денот на националниот суверенитет и Празник на децата претседателот Ердоган објави порака со честитки во која истакна:

„Како што 100 години, Големото национално собрание на Турција е еден од најзначајните симболи на нашата славна историја, така и вечно ќе продолжи да биде место на потврдувањето на националната волја.

Духот на 23 април 1920, одлучноста за независност, вербата во нашето братство и единство се најголемиот аманет кој што ќе му го пренесеме на идните поколенија“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести