Чавушоглу преку видеоконференција учествуваше на 7. состанок на процесот од Астана

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот со своите руски и ирански колеги, Сергеј Лавров и Џевад Зариф, разговараше за борбата против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а во контекст на Сирија

1403673
Чавушоглу преку видеоконференција учествуваше на 7. состанок на процесот од Астана

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку видеоконференција учествуваше на 7. состанок на министрите за надворешни работи на на процесот од Астана.

Чавушоглу на состанокот со своите руски и ирански колеги, Сергеј Лавров и Џевад Зариф, разговараше за борбата против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а во контекст на Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделбата што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со состанокот го напиша следното: „7. состанок на министрите за надворешни работи на на процесот од Астана го остваривме преку видеоконференција. Во контекст на Сирија разговаравме за борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). На чело со Идлиб и источниот дел на реката Еуфрат, ги разгледавме последните случувања, политичкиот процес, човечката ситуација и враќањето назад на бегалците.“



Слични вести