Чавушоглу одржа видеоконференција со амбасадорите и постојаните претставници на Турција во странство

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари средба преку видеоконференција со голем број амбасадори и постојани претставници на Турција во странство

1403089
Чавушоглу одржа видеоконференција со амбасадорите и постојаните претставници на Турција во странство

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа видео конференција со голем број амбасадори и постојани претставници на Турција во странство.

Чавушоглу сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со остварената средба преку видео конференција со претставниците на Турција во странство во склопот на Министерството за надворешни работи.

Велејќи дека со претставниците на Турција во земјите од Западна Европа, Блискиот исток, Северна Африка и Северна и Јужна Америка разговараа за влијанијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Мевлут Чавушоглу рече: „Секогаш сме покрај нашите граѓани. Им благодарам на сите мои другари соработници кои работат со самопожртвуваност во овој тежок процес.“

Според добиени информации од дипломатски извори, на остварената средба на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку видео конференција, беше направена проценка на ситуацијата и потребите на турските државјани во странство, здравствената состојба на персоналот (вработените) на Министерството и последната состојба во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите во Западна Европа, Блискиот исток, Северна Африка и Северна и Јужна Америка.

Како што се истакнува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе ги продолжи своите разговори преку видео конференција и со другите амбасадори и постојани претставници на Турција во голем број земји во светот.



Слични вести