Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 376 лица
Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 559 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 16 477
1403669

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција се зголеми на 2 376 лица.
Министерот за здравство Фахретин Коџа, по состанокот што го одржа со Научниот совет рече дека во последните 24 часа бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми за уште 117 и вкупно изнесува 2 376 лица.
Министерот Коџа рече дека во последните 24 часа беа остварени уште 37 535 тестови од кои 3 083 биле позитивни.
Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 559 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 16 477.
Со спроведувањето на мерките забележуваме дека се намалува бројот на дијагностицираните и смртните случаи и дека епидемијата е земен под контрола, рече Коџа.
Слични вести
