Евакуирани и донесени во Турција 300 турски државјани од Киргизистан

Со авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туфркиш Ерлајнс) се евакуирани од Киргизтсан и се донесени во земјата 300 турски државјани

1402689
Евакуирани и донесени во Турција 300 турски државјани од Киргизистан

Турција ги евакуира своите граѓани од Киргизистан кадешто поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е воведена вонредна состојба и од 20:00 до 08:00 часот се спроведува забрана за излегување на улица.

Во рамките на оваа евакуација Турција испрати за Киргизистан авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Со авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) се донесени во Турција 300 турски државјани.

Инаку, по распространувањето на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто се појави во Кина и потоа се претвори во глобална епидемија, првиот случај на зараза со вирусот Ковид-19 во Киргизистан беше регистриран на 18 март во областа Џелалабад.

Потоа коронавирусот со голема брзина се прошири во Киргизистан поради што во рамките на борба против глобалната епидемија беа затворени границите и беа сопрени летовите од и за оваа земја.



Слични вести