Ердоган: „Турција се наоѓа во центарот на процесот на преструктуирање на глобално ниво“

Природно дека Турција не можеше да остане надвор од епидемијата која ја погоди цела Европа и Иран,

1402762
Ердоган: „Турција се наоѓа во центарот на процесот на преструктуирање на глобално ниво“

Претседателот Реџеп Ердоган рече дека „Турција се наоѓа во центарот на процесот на преструктуирање на глобално ниво“.

Во говорот на состанокот на Централниот извршен одбор на Партијата за правд аи развој (АКП) што се одржа преку видеоконференција, претседателот Ердоган рече дека Турција како и целиот свет води беспоштедна и интензивна борба против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Иако во основа епидемијата претставува еден здравствен проблем, гледано од економски аспект прерасна во најголема криза по Втората светса војна. Особено безнадежноста со која се соочија развиените земји наспроти оваа сеопфатна криза, наложи неминовна потреба за повторно преструктуирање на сите досегашни предвидувања и прогнози.

Природно дека Турција не можеше да остане надвор од епидемијата која ја погоди цела Европа и Иран, каде што се чусвтвуваат тешките последици. Нашата разлика во споредба со другите земји е фактот дека располагаме со силна здравствена структура и навремено ги презедовме сите потребни мерки.

Турција, првпат од периодот на Втората светска војна наваму најде прилика повторн да биде во центарот на повторното преструктуирање на глобално ниво.

Затоа во целиот овој процес, покрај ефикасната борба што ја водиме против епидемијата, многу е значајно во светот по епидемијата да бидеме спрмни наспроти новите ситуации во регионот и светот.

Гледано од аспект на нивото на кое се наоѓаме, можеме да кажеме дека епидемијата премина на хоризонтално ниво.

Со почитување на преземените мерки и во текот на месецот на постот Рамазан, се надевам дека по празникот Рамазан бајрам, земјата ќе премине кон нормален живот“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести