Видео од претседателот Мустафа Шентоп по повод 100 годишнината од отворањето на Собранието

Мустафа Шентоп, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), на својот профил на Твитер сподели видео по повод одбележувањето на 100 годишнината од отворањето на Собранието

1401762
Видео од претседателот Мустафа Шентоп по повод 100 годишнината од отворањето на Собранието

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп на својот профил на сцијалната мрежа Твитер го сподели специјално подготвеното видео по повод одбележувањето на 100 годишнината од отворањето на Собранието (на 23 април 1920 година).

Во видеото во придружба на акцентот „За уште стотици години за силна Турција на патот на националната волја, со нашата сила која што произлегува од промената и црпејќи сила од воодушевувањето, радоста, гордоста и надежта под ист покрив, со вербата којашто ја чувствуваме кон нашиот народ, за независност и слобода, во војна и во мир“, заземаат место фотографии на првиот претседател и основоположник на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк, вториот претседател Исмет Инени, осмиот претседател Тургут Озал, деветиот претседател Сулејман Демирел, поранешните премиери Аднан Мендерес, Булент Еџевит и Неџметтин Ербакан и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, ова видео го сподели со хаштазите и слоганите „Живеј ја твојата радост во домот“ и „ТБММ 100 години“.



Слични вести