Сочувство од Чавушоглу до неговиот канадски колега Шампањ за жртвите во вооружениот напад

Министерот за надворешни работи Мевлу Чавушоглу во пораката што ја сподели на Твитер го изрази своето сочувство до својот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ за загинатите во извршениот вооружен напад на крајот на неделата во кој загинаа најмалку 16 лица

1401859
Сочувство од Чавушоглу до неговиот канадски колега Шампањ за жртвите во вооружениот напад

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го изрази своето сочувство до својот канадски колега Франсоа-Филип Шампањ за загинатите во извршениот вооружен напад на крајот на неделата во кој загинаа најмалку 16 лица, а има и голем број ранети.

Чавушоглу во пораката што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер етикетирајќи го и канадскиот министер за надворшени работи Франсоа-Филип Шампањ и го напиша следното: „Почувствував голема жалост поради трагичниот напад во Нова Шкотска. Ја споделувам болката на нашите канадски пријатели. Нашите мисли и молитви се со жртвите на нападот. Уште еднаш го осудувам секој вид на насилство.“

Инаку, во вооружениот напад извршен од страна на напаѓачот по име Габриел Вортман (51) во градчето Портапик во сојузната држава Нова Шкотска во саботата навечер кој траеше до наредниот ден во недела во пладневните часови, животот го загубија 16 лица меѓу кои се наоѓа и еден службеник на Кралската канадска коњаничка полиција (RCMP), а има и ранети лица.



Слични вести