Претседателот Ердоган: Турција застанувајќи на своите сопствени нозе во овој период ја покажува својата сила

Претседателот Ердоган истакна дека во период кога меѓународните организации го изгубија своето значење, Турција застанувајќи на своите сопствени нозе ја покажува својата сила

1401702
Претседателот Ердоган: Турција застанувајќи на своите сопствени нозе во овој период ја покажува својата сила

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видео-конференција учествуваше на церемонијата на свечено отворање и ставање во услуга на новоизградената градска болница во населбата Башакшехир во Истанбул и церемонијата на предавање на домашниот респираторен апарат за интензивна нега.

Ердган во говорот што го одржа во оваа пригода нагласи дека во рамките на проектот којшто е ставен во примена со методот на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор се ставени во услуга 10 градски болници.

Тој истакна дека во период кога меѓународните организации го изгубија своето значење, Турција застанувајќи на своите сопствени нозе ја покажува својата сила.

„Денеска располагаме со 5.400 целосно опремени возила и 19 воздушни летала располагаме со едната од најмодерните амбулантни флоти. Турција напиша еп во здравствените услуги. Ќе работиме заедно уште повеќе за да ја издигнеме нашата земја до место коешто го заслужува во новиот светски поредок што ќе се воспостави наново по епидемијата на коронавирусот. Светот се соочува со тешкотии во точката на вентилатори (машини за дишење), меѓутоа ние овој процес на извесен начин го пребродивме успешно.“ подвлече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „Во новиот период, со нови инвестирања и со нови услуги, ќе продолжиме секогаш ќе ја издигнуваме нашата земја на сѐ повисоко ниво.“



Слични вести