Ердоган: „Мерките против епидемијата ги дадоа првите поволни резултати“

До крајот на идниот месец ќе заврши производството на околу 5 илјади респиратори

1402005
Ердоган: „Мерките против епидемијата ги дадоа првите поволни резултати“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека мерките коишто Турција ги презеде против епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ги дадоа првите поволни резултати.

По четвртата видеоконференција на кабинетот, претседателот Ердоган одржа прес конференција на која рече:

„Турција, борбата против коронавирусот ја води под четири поглавја и тоа: Прво, постигнување на социјалната дистанца меѓу луѓето. Второ, обезбедување непрекинато функционирање на здравствениот систем. Трето, обезбедување непрекинатост на малопродажниот ланец на основните услуги како што се храна и средства за чистење. Четврто, ненарушување на јавниот ред и мир.

Турција нема никакви недостатоци и ризици од био кој аспект. ВО болниците нема никаква оредна состојба. Го зајакнуваме постоечкиот капацитет на болничките кревети и интензивните одделенија и клиники во болниците.

Производството на критичните лекови за за кои располагаме големи залихи, почна да се произзведува од страна на домашните фирми. Големиот отскок кој што гопостигна Турција во одбранбената индустрија, ќе продолжи и во сите критични сектори како што се производство на медицинска опрема и лекови.

Исто така постигнавме значаен напредок во домашното производство на заштитна здравствена опрема. Заврши процесот на развојот и унапредување на филтерите на маските N95 и N99, сега сме во фаза на тестирање. До крајот на идниот месец ќе заврши производството на околу 5 илјади респиратори“ рече Ердоган.



Слични вести