Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 140 лица

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 454 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 13 430

1401982
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 140 лица

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција се зголеми на 2 140 лица.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 123 и вкупно изнесува 2 140 лица.

Во последните 24 часа беа остварени уште 39 703 тестови од кои 4 674 биле позитивни.

Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 454 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 13 430.



Слични вести