Во пештери на северот на Ирак се пронајдени оружје, муниција и материјали на терористите

Турските безбедносни сили во рамките на прекуграничните активности во областа Хакурк во северниот дел на Ирак пронајдоа пештери во кои запленија голема количина оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите

1401037
Во пештери на северот на Ирак се пронајдени оружје, муниција и материјали на терористите

Во пештери преку границата во областа Хакурк во северниот дел на Ирак се пронајдени и запленети голема количина оружје, муниција и материјални за обезбедување на животните потреби на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во рамките на борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК продолжуваат активностите за пребарување и чистење на теренот коишто се реализираат преку границата во областа Хакурк во северниот дел на Ирак.

Во реализираните активности се пронајдени нови засолништа и пештери коишто се користат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Во овие пештери долги стотици метри и со 7 и 8 одделни простории се пронајдени голема количина оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Запленетите материјали се уништени.



Слични вести