Алтун: Турција е на прво место во Европа по капацитетот за интензивна нега

Фахреттин Алтун истакна дека благодарение на инвестирањата во здравствениот систем Турција е едната од земјите со најмала стапка на смртност (морталитет) во светот од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1401118
Алтун: Турција е на прво место во Европа по капацитетот за интензивна нега

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер на англиски напиша дека Владата долги години реализира инвестирања во правец на зголемување на капацитетот во сферата на здравството и дека Турција сега во борбата против коронавирусот ги добива резултатите од овие инвестирања.

Алтун напомена дека благодарение на инвестирањата во здравствениот систем Турција е едната од земјите со најниска стапка на смртност (морталитет) во светот од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Привлекувајќи внимание дека додека капацитетите на болниците во некои земји остануваат недоволни болниците во Турција се уште продолжуваат да даваат услуга со висок капацитет, Фахреттин Алтун подвлече дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е најголемата сила којашто стои зад целосното обезбедување, без било какви недостатоци, на здравствените потреби на народот и дека благодарение на неговото лидерство по ова прашање во Турција се доставуваат универзални здравствени услуги.

Алтун појасни дека не се бараат пари од ниту еден граѓанин на кого му се прави тестирање и му се пружа лекување од коронавирусот (односно овие здравствени услуги се бесплатни), а воедно нагласи дека капацитетот на одделенија за интензивна нега на Турција ги остава зад себе голем број земји и Турција е на прво место во Европа по ова прашање.

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун додаде дека ниту еден граѓанин кој се обраќа во болница со симптоми на новиот тип коронавирус (Ковид-19) не се враќа назад без да му се направи тестирање.



Слични вести