Во воздушната операција на ТВС на Кандил неутрализирани 18 терористи

Операцијата беше реализирана со средствата за извидување и набљудување на планината Кандил на северот на Ирак

1400260
Во воздушната операција на ТВС на Кандил неутрализирани 18 терористи

Во воздушната операција на Турските вооружени сили (ТВС) на планината Кандил каде што се стационирани приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК беа неутрализирани 18 терористи.

Министерството за национална одбрана (МНО) на официјалнит профил на твитер објави објава во која беше истакнато дека беше извршена воздушна операција на планината Кандил на северот на Ирак.

Во операцијата која беше реализирана со средствата за извидување и набљудување на планината Кандил на северот на Ирак, беа неутрализирани 18 терористи на ПКК. Операциите ќе продолжат се додека не биде уништен и последниот терорист“ беше истакнато во соопштението.



Слични вести