Калин: Во борбата против Ковид-19 видовме колку се правилни инвестициите во здравствената инфраструктура

Портпаролот Ибрахим Калин истакна дека реализираните инвестирања во текот на 15-16 години особено во здравствената инфраструктура покажаа колку се правилни (на место) овие инвестиции (во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19))

1400348
Калин: Во борбата против Ковид-19 видовме колку се правилни инвестициите во здравствената инфраструктура

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин одговараше на прашањата во емисијата во живо на еден приватен телевизиски канал.

Калин се осврна на точката до која е дојдено во борбата против вирусот во врска со што истакна дека реализираните инвестирања во текот на 15-16 години особено во здравствената инфраструктура покажаа колку се правилни (на место) овие инвестиции (во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)).

Ибрахим Калин рече: „Поради тоа што Турција е една од земјите кои реагираа (одговорија) најрано на оваа криза и е една од земјите кои презедоа најрано мерки по ова прашање, ние релативно сме во предност (поволна позиција). Дневната бројка на направени тестови надмина 40 илјади. Тоа е добра бројка од аспект на Турција. Кога ќе погледнеме на перформансот што го презентираа по ова прашање другите земји и на брзината на ширење на вирусот, фала му на Бога ние сме на подобра точка. И во стапките на морталитет сме под 2 отсто.“

Појаснувајќи дека се виде колку се правилни и на место инвестирањата коишто се реализирани во текот на 15-16 години особено во здравствената инфраструктура, портпаролот во претсеадтелскиот кабинет Ибрахим Калин го додаде следното:

„Инвестициите коишто ги реализира нашиот почитуван претседател особено во врска со здравството, градските болници, медицинските материјали и во сите други медицински и здравствени прашања, речиси со години не подготвуваа за оваа епидемија.Тоа што е долку здрава нашата здравствена инфраструктура, капацитетот на крвеети во нашите одделенија за интензивна нега, нашиот капацитет на нормални кревети, градските болници, медицинските материјали и во други прашања, поминуваме ние еден процес којшто ќе претставува пример за светот, така што и Светската здравствена организација (СЗО) истакна дека ја цени борбата на Турција против коронавирусот.“



Слични вести