Донесени се во земјата уште вкупно 675 турски државјани од Велика Британија, Украина и Ирак

Турција во рамките на ефикасната борба против Ковид-19 не ги остава во странство и своите граѓани кои сакаат да се вратат во земјата и како последно се донесени во земјата уше вкупно 675 турски државјани од Велика Британија, Украина и од Ирак

1400077
Донесени се во земјата уште вкупно 675 турски државјани од Велика Британија, Украина и Ирак

Во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) 262 турски државјани синоќа со авион од главниот град на Велика Британија се донесени во Анкара.

Донесените турски државјани во земјата по лекарската контрола од аеродромот Есенбога во Анкара беа качени на автобуси и беа сместени во студентскиот дом во Чанкири.

Во меѓувреме, и 142 турски државјани со авионот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) кој полета од Украина се донесени на аеродромот во градот Трабзон.

Донесените турски државјани од Украина по лекарската контрола беа сместени во студентскиот дом во градот Ризе.

Групата турски граѓани составена од 271 лице кои се наоѓаа на работа во Ирак меѓу кои имаше и работници и инженери, исто така со авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) беа донесени во градот Кајсери.

Турските државјани кои се донесени од странство во текот на 14 дена ќе бидат ставени во карантин.



Слични вести