МНР на Турција нон-стоп 24/7 во услуга на граѓаните во борбата против Ковид-19

Центарот за координација и поддршка формиран во склопот на Конзуларниот кол центар кој одговара нон-стоп 24/7 часа на повиците коишто пристигнуваат од сите страни на светот, ги продолжува своите активности од 14 март

1399131
МНР на Турција нон-стоп 24/7 во услуга на граѓаните во борбата против Ковид-19

Министерот за надворешни работи без прекин ги продолжува своите активности коишто ги води во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според објавата споделена на профилот на министерството, Центарот за координација и поддршка формиран во склопот на Конзуларниот кол центар кој одговара нон-стоп 24/7 часа на повиците коишто пристигнуваат од сите страни на светот, ги продолжува своите активности од 14 март.

Центарот надлежен за сите димензии на епидемијата продолжува да одговара на прашањата на граѓаните и да ги упатува до надлежните.

Во тој контекст досега е одговорено на 53 илјади повици.

Министерството за надворешни работи продолжува да им помага на граѓаните и преку конзуларните работи по електронски пат, односно е-конзулат.

 



Слични вести