Министерот Акар на состанок на НАТО преку видеконференција посветен на борбата против коронавирусот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар укажа на мерките коишто се преземаат во Турција и на доставената поддршка на пријателските и сојузничките земји со посредство на искористените национални можности и способности

1399125
Министерот Акар на состанок на НАТО преку видеконференција посветен на борбата против коронавирусот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар учествуваше на состанокот на министрите за одбрана на НАТО посветен на борбата против коронавирусот (Ковид-19), што се одржа преку видеоконференција.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, состанокот кој за прв пат наместо во штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, се одржа преку видеоконференција, започна со говорот на генералниот секретар Јенс Столтенберг.

На состанокот на кој беше разговарано за борбата против Ковид-19 министерот за национална одбрана Хулуси Акар учествуваше од министерството и во говорот што го одржа укажа на мерките коишто се преземаат во Турција и на доставената поддршка на пријателските и сојузничките земји со посредство на искористените национални можности и способности.

Акар информираше дека во текот на овој процес што се доживува не се подложени на било какво влијание активностите и операциите кои што се реализираат.

На состанокот преку видеоконференција министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ги разгледаа мерките коишто се преземаат од страна на НАТО и сојузничките земји во борбата против глобалната епидемија, беше разговарано за мерките коишто би можеле да се преземат со цел епидемијата да не се преобрази во безбедносна криза, а беа консултирани и среднорочните и долгорочните влијанија на кризата од глобалната епидемија.



Слични вести