Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1 643 лица
Министерот Коџа рече дека во последните 24 часа беа остварени 40 427 тестови од кои 4 801 биле позитивни
1399632

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција се зголеми на 1 643 лица.
Министерот за здравство Фахретин Коџа во објавата преку профилот на социјалните медиуми истакна дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 125 и вкупно изнесува 1 643 лица.
Коџа рече дека во последните 24 часа беа остварени 40 427 тестови од кои 4 801 биле позитивни.
Со подобрувањето на здравствената состојба на уште 1 415 лице, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 7 089.