Благодарност од британскиот министер за одбрана Бен Валас до Турција за испратената помош

Британскиот министер за одбрана Бен Валас и се заблагодари на Турција која минатата недела и испрати на неговата земја 250 илјади парчиња заштитна опрема која се состоеше од 50 илјади маски N-95, 100 илјади хируршки маски и 100 илјади заштитна облека

1399021
Благодарност од британскиот министер за одбрана Бен Валас до Турција за испратената помош

Британскиот министер за одбрана Бен Валас и се заблагодари на Турција за испратената помош на неговата земја во борбата за справување со новиот тип коронавирус (Ковид-19).

По состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО што се одржа преку видеоконференција, беше обајвено писмено соопштение од Министерството за одбрана на Велика Британија.

Во соопштението се укажува на соработката под покривот на НАТО и притоа се потсетува дека Турција минатата недела и испрати на Велика Британија 250 илјади парчиња заштитна опрема која се состоеше од 50 илјади маски N-95, 100 илјади хируршки маски и 100 илјади заштитна облека.

Во соопштението се истакнува дека британскиот министер за одбрана Бен Валас и се заблагодарува на Турција за испратената помош, како и на Германија која испрати 60 респираторни апарати на неговата земја.



Слични вести