На планината Кандил на северот на Ирак неутрализирани четворица терористи

„Со воздушна операција на планината Кандил на северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи на ПКК кои беа утврдени со помош на летала за извидување и набљудување“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана

1398855
На планината Кандил на северот на Ирак неутрализирани четворица терористи

Со реализирана воздушна операција на планината Кандил во северниот дел на Ирак се неутрализирани четворица терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Со воздушна операција на планината Кандил на северот на Ирак се неутрализирани четворица терористи на ПКК кои беа утврдени со помош на летала за извидување и набљудување.“

Во соопштението се вели следното: „За време на активностите за пребарување и скрининг коишто продолжуваат преку границата во областа Хакурк во северниот дел на Ирак, во засолништа и пештери на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се запленети и уништени 3 сандаци противавионска муниција, 3 минофрлачки гранати РПГ-7, материјали коишто се користат во производство на експлозии од рачна изработка, голема количина амониум нитрат, 2 шаржери, голем број документација и средства за обезбеудвање на животните потреби на терористите.“



Слични вести