Калин: Вирусот ќе го победиме со заедничка сила без да западнеме во паника и опуштеност

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се победи со заедничка сила без да се западне во паника и опуштеност

1398907
Калин: Вирусот ќе го победиме со заедничка сила без да западнеме во паника и опуштеност

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се победи со заедничка сила без да се западне во паника и опуштеност.

Калин во својата објава напиша: „Турција се наоѓа во предност (во поволна точка) во мерките и лекувањето. Нашата здравствена инфраструктура е силна. Немаме недостаток во капацитетот на кревети и лекови. Епидемијата би можеле да ја сопреме само со строга примена на превентивните мерки. Вирусот ќе го победиме со заедничка сила без да западнеме во паника и опуштеност.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во споделената објава ја сподели и вчерашната табела во врска со податоците со коронавирусот во Турција.



Слични вести