Реакција од Турција на тврдењата на Грција за тоа дека не се применува договорот со ЕУ за мигрантите

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој покажа реакција против тврдењата на Грција за тоа дека не се придржува кон договорот со ЕУ за мигрантите/бегалците

1397673
Реакција од Турција на тврдењата на Грција за тоа дека не се применува договорот со ЕУ за мигрантите

Турција покажа реакција на тврдењата на грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис, а во однос на тоа дека Анкара под изговор на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е го применува потпишаниот договор со Европската унија (ЕУ) на 18 март во врска со мигрантите/бегалците.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со тврдењата на грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис, а кои биле објавени во весникот „Етнос“.

Аксој во одговорот го истакна следното: „Зборовите на грчкиот министер за миграција Нотис Митаракис во однос на тоа дека нашата земја под изговор на епидемијата на Ковид-19 не го применува договорот од 18 март, се тврдења коишто се изнесени со мотив на потиснување на кривичните дела коишто ги врши оваа земја врз мигрантите/бегалците, а со цел искривување на вистините.“

Потсетувајќи дека Турција ги исполнува своите обврски во рамките на договорот за мигрантите/бегалците од 18 март и дека благодарение на тоа се намалени за 92 отсто илегалните премини за Европа, Аксој рече: „Страната која не ги исполнува своите обврски во овие рамки е Европската унија (ЕУ).“

Тој појасни дека Грција спротивно на основачките договори на Европската унија (ЕУ) и на меѓународните договори ги суспендира барањата за азил за еден месец.

„Грција, спротивно на договорот од 18 март без да ги регистрира мигрантите/бегалците и дури и да не ги разгледа нивните барања за азил, се обидува да ги испрати назад во нашата земја. Критиките околу тоа дека новиот закон за азил на Грција не е во согласност со меѓународните стандарди и директивите на Европската унија (ЕУ), отоврено се изнесени и од страна на меѓународните организации.“ - рече Аксој.

Појаснувајќи дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус во целиот свет се преземаат мерки за одбрана на здравјето и безбедноста на јавноста, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој го додаде следното: „Впрочем, Европската унија (ЕУ) за одбрана на здравјето на јавноста ја суспендира за привремено програмата за повторно сместување како значаен елемент на договорот од 18 март. И нашата земја поради истите причини ги сопре за привремено примањата назад предвидени во договорот од 18 март и за тоа ги извести грчките власти.“



Слични вести