Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1 403 лица
Коџа рече дека во последните 24 часа беа остварени 35 720 тестови од кои 4 789 биле позитивни
1398127

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција се зголеми на 1 403 лица.
Министерот за здравство Фахретин Коџа во изјавата за печатот рече дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 107 и вкупно изнесува 1 403 лица.
Коџа рече дека во последните 24 часа беа остварени 33 070 тестови од кои 4 062 биле позитивни.
Со подобрувањето на уште 842 лице, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 4 799.
Стапката на раст на брјт на инфектираните во Турција во рок од 4 недели почна да се намалува. Турција моментално ја зеде под контрола стапката на ширење на вирусот“ рече Коџа.