Претседателот Ердоган: Постигнуваме значаен напредок во контролата на епидемијата

Претседателот Ердоган истакна дека се постигнува значаен напредок во контролата на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и рече: „Турција со мерките коишто ги презема се наоѓа на чело на земјите кои најбрзо ја ставија под контрола епидемијата“

1397312
Претседателот Ердоган: Постигнуваме значаен напредок во контролата на епидемијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по состанокот на својот кабинет истакна дека се постигнува значаен напредок во контролата на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

„Турција со мерките коишто ги презема се наоѓа на чело на земјите кои најбрзо ја ставија под контрола епидемијата.“ - рече Ердоган. 

Велејќи дека освен двете болници чија изградба беше претходно соопштена се градат други нови болници во Истанбул, во Хадимќој со 100 кревети и во Деринџе со 250 кревети, претседателот Ердоган напомена дека овие болници ќе бидат ставени во услуга во наредните недели.

Тој рече: „Нашата земја се разделува позитивно во овој процес. Ние сме во добра состојба од дијагностицирањето до лекувањето на болеста.“

Претседателот Ердоган истакна дека во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесовме одлука забраната за излегување на улица викендите да ја продолжиме и во наредниот период, а воедно го подвлече следното: „Откако ќе поминат овие денови, нашиот живот ќе го поминуваме попродуктивно, поубаво.“

„Нема да се поклониме пред никакво насилно наметнување со коешто нашата земја ќе западне под зависност, на чело со програмата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека во рамките на борбата против епидемијата Турција достави материјали за помош  на 34 земји и подвлече дека оваа поддршка ќе продолжи и во наредните денови.



Слични вести