Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција се искачи на 1.296, а досега се излекувани 3.957 лица

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција со смртта на уште 98 лица во последните 24 часа се искачи на вкупно 1.296, а досега се излекувани 3.957 лица

1397313
Бројот на починатите од Ковид-19 во Турција се искачи на 1.296, а досега се излекувани 3.957 лица

Во Турција со уште 98 потврдени нови смртни случаи во последните 24 часа, вкупниот број на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 1.296 лица.

Бројот на случаите на зараза со 4.093 новодијагностицирани во последните 24 часа, се искачи на вкупно 61.049 лица.

Во последните 24 часа се направени и уште 34.456 тестови од кои се утврдени 4.093 новозаразени лица, додека досега се направени вкупно 410.556 тестови.

Од друга страна, како последно се излекувани и отпуштени од болница уште 511 лица, со што вкупниот број на оздравени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција се зголеми на 3.957 лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на Твитер сподели и видео снимка со предупредувањата на еден здравствен работник во врска со борбата против коронавирусот.

Коџа ова видео го сподели со хаштагот „Ќе победиме заедно“ и го напиша следното: „Ние ќе ги излекуваме нашите пациенти. Вие ќе стоите далеку од социјални места, ќе останете дома, нема да се разболете. Ете така ќе го победиме коронавирусот.“



Слични вести