Турција од Кина побара образложение во врска со повикувањето на планината Агри

Амбасадорот Денг во оваа прилика го изнесе ставот на Кина дека има респект кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Турција

1396523
Турција од Кина побара образложение во врска со повикувањето на планината Агри

Турција од Кина побара образложение во врска со информациите дека се повика на планината Агри во рамките на хуманитарната помош што ја испрати на Ерменија против епидемијата од новиот тп на коронавирусот (Ковид-19).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи (МНР) Хами Аксој од Кина побара писмен одговор и образложение на прашањето во врска со повикувањето на планината Агри порад хуманитарната помош што ја испрати на Ерменија во рамките на борбата против епидемијата од Ковид-19.

По информациите кои беа објавени во кинеските медиуми, вчера МНР од амбасадорот на Кина во Анкара Денг Ли како и со посредство на МНР во Пекинг беше доставена нота за изнесување образложение со овој чекор на Кина.

Амбасадорот на Кина Денг рече дека „хуманитарната помош која што беше доставена на Ерменија беше подготвена од страна на една локална управа и во Ереван беше доставена со посредство на една приватна фирма. На пакетите на локалната управа се наоѓаат само написи на кинески во кои не се говори за планината Агри, додека написите на англиски  кои се додадени подоцна, се повикува на планината Агри“.

Аксој рече амбасадорт Денг истакна дека продолжува истрагата и во врска со конечниот исход на турската страна ќе и бидат доставени дополнителни информации.

Амбасадорот Денг во оваа прилика го изнесе ставот на Кина дека има респект кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Турција.



Слични вести