Порака со честитка од претседателот Ердоган до граѓаните од христијанска вероисповед по повод Велигден

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака во која на граѓаните од христијанска вероисповед со најискрени чувства им го честита Велигден, едниот од најголемите празници на христијанскиот свет

1396460
Порака со честитка од претседателот Ердоган до граѓаните од христијанска вероисповед по повод Велигден

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод празникот Велигден и му го честита овој празник на христијанскиот свет.

Претседателот Ердоган во својата порака напиша: „Оваа култура на соживот којашто се издигнува на анадолските територии, како во минатото така и денеска го претставува сврзувачкото ткиво на нашиот мир и нашето братство, а истовремено ќе претставува наша најзначајна сила којашто ќе не води кон светла иднина.“

Ердоган истакна дека како држава продолжуваат да се мобилизираат сите можности за да би можеле да ги исполнуваат своите верски обреди и граѓаните христијани чија судбина е обединета во радост и во тага, исто како и сите наши граѓани.

Потсетувајќи на дадената поддршка на Кампањата за национална солидарност којашто беше започната во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-9), претседателот Ердоган во пораката го истакна следното: „Додека целиот свет поради епидемијата на Ковид-19 поминува низ еден тежок период, поради преземените мерки за жал и нашите граѓани христијани оваа година не ќе можат да се соберат за Велигден. Меѓутоа, веруваме дека со спроведување со чувствителеност на неопходните мерки нашата земја ќе го преброди овој процес со најмала штета и во насјкоро време животот повторно ќе се врати во својот нормален тек, за сите нас.“

Заблагодарувајќи им се на граѓаните христијани за поддршката на кампањата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата објавена порака со честитка по повод Велигден го додаде следното: „По повод празникот Велигден им посакувам благосостојба на сите христијани на чело со нашите граѓани од христијанска вероисповед и ги поздравувам со моите најискрени чувства.“



Слични вести