Медицинска помош од Турција за Либија во борбата против Ковид-19

Турција и достави медицинска помош на Либија во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1396224
Медицинска помош од Турција за Либија во борбата против Ковид-19

Материјалите со медицинската помош коишто Турција ги испрати на Либија за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од страна на амбасадорот на Турција во Триполи му беа предадени на Мухамед  Хејсем Иса, заменик министерот за здравство на Владата на национално единство на Либија, како легитимно призната влада и од страна на Обединетите нации (ОН).

Амбасадорот Аксен во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека сите треба да се поддржуваат меѓусебно во борбата против глобалната епидемија и го рече следното: "Турција, како показател на солидарноста со пријателскиот и братски народ на Либија му испрати медицински материјали и покажа дека секогаш е покрај либискиот народ."

Велејќи дека по повод предавањето на материјалите ги пренеле поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на турскиот народ до либискиот, амбасадорот Серхат Аксен појасни дека заменик министерот за здравство на Владата на национално единство на Либија Мухамед Хејсем Иса, пак во оваа пригода рекол дека ја ценат поддршката на Турција и дека се благодарни за поддршката на Турција на неговата земја во секоја сфера.



Слични вести