Испратена втората пратка со медицинска помош од Турција за Велика Британија за борба против Ковид-19

Денеска од воениот аеродром Етимесгут во Анкара е испратена втората пратка материјали со медицинска помош за Велика Британија, наменета за борбата на оваа земја против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1396427
Испратена втората пратка со медицинска помош од Турција за Велика Британија за борба против Ковид-19

Турција ја испрати втората пратка материјали со медицинска помош на Велика Британија која е една од најмногу погодените земји од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а со цел поддршка на борбата во оваа земја против глобалната епидемија.

Министерството за национална одбрана во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека по инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска е испратена за Велика Британија втората пратка медицински материјали коишто ќе бидат употребени во борбата во оваа земја против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Материјалите со медицинска помош составена од маски N95 и заштитна облека, подготвени од страна на Министерството за здравство на Турција и натоварени на воениот карго авион од типот A400M, се испратени денеска за Велика Британија од воениот аеродром Етимесгут во Анкара.

На карго пратките на турски и англиски јазик беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми (од 13-от век): „Колку бројни надежи има зад безнадежноста. Колку бројни сонца има зад мракот.“

Првата пратка материјали со медицинска помош од Турција и беше испратена на Велика Британија во петокот. 

Инаку, Турција во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) претходно им испрати медицинска помош и на Италија и Шпанија, како и на 5 балкански земји и тоа Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Досега Турција има испратено помош за борба против Ковид-19 на повеќе од 40 земји во светот. 



Слични вести