Ибрахим Калин: Турција ќе им испрати едновремено медицинска помош ѝ на Израел ѝ на Палестина

Портпаролот во претседатескиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека Турција во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе им испрати едновремено медицинска помош ѝ на Израел ѝ на Палестина

1396329
Ибрахим Калин: Турција ќе им испрати едновремено медицинска помош ѝ на Израел ѝ на Палестина

Турција ќе им испрати едновремено материјали со медицинска помош и на Израел и на Палестина. 

Портпаролот во претседатескиот кабинет Ибрахим Калин во врска со прашањето даде изјави во програмата на еден приватен телевизиски канал.

Калин информира дека пред извесно време Израел побара медицинска помош во лекување на заболените од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека деновиве ќе бидат подготвени материјалите со медицинска помош, Ибрахим Калин истакна дека заедно со Израел едновремено ќе бидат испратени материјали со медицинска помош и на Палестина.

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин напомена дека 17 години како е постигнат голем потфат во сферата на здравството и го подвлече следното: „Голем број наши фирми во индустриското производство се усмерија кон производство на маски, заштитна облека и медицински материјали. Тоа што е волку силна нашата здравствена инфраструктура покажува дека ние всушност 15-16 години како се подготвуваме за оваа пандемија.“

Калин додаде дека поради тоа што долги години како во Турција се реализираат инвестиции во инфраструктурите на болници, градски болници и медицински материјали, земјата е затечена подготвена. 



Слични вести