Турски и руски функционери разговараа за ситуацијата во подрачјето на Идлиб во Сирија

Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин разговараа телефонски за ситуацијата во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија

1395950
Турски и руски функционери разговараа за ситуацијата во подрачјето на Идлиб во Сирија

Заменик министерот за надворешни работи Седат Онал оствари телефонски разговор со својот руски колега Сергеј Вершинин посветен на прашањево со Идлиб во северозападниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и неговиот руски колега Сергеј Вершинин воделе телефонски разговор. 

Во соопштението се вели дека во разговорот било разгледано прашањето со Идлиб и се додава следното: "Беше разговарано детално за решавањето на сириското прашање, вклучувајќи ја и имплементацијата на постигнатите договори помеѓу Турција и Русија во врска со воспоставувањето на стабилноста во Идлиб."

Освен тоа во соопштението на руското министерство за надворешни работи се подвлекува дека во телефонскиот разговор станало збор и за политичкиот процес што се води со посредство на Обединетите нации (ОН).

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на остварената средба на 5 март во Москва постигнаа согласност по прашањето на прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести