Последната состојба со Ковид-19 во Турција: Бројот на починатите се зголеми на 1.101 лице

Во Турција вкупниот број на починатите од Ковид-19 се зголеми на 1.101 лице, на случаите на зараза на 52.167, а бројот на досега излекуваните изнесува 2.965 лица

1396132
Последната состојба со Ковид-19 во Турција: Бројот на починатите се зголеми на 1.101 лице

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Турција се зголеми на 1.101 лице, а на случаите на зараза на 52.167.

Во последните 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 95 лица, а се излекувани и отпуштени од болница 542 лица.

Вкупниот број на излекуваните лица од Ковид-19 досега се зголеми на 2.965 лица.

Во последните 24 часа се направени уште 33.170 тестови меѓу кои се дијагностицирани 5.138 новозаразени лица.

Вкупниот број на направените тестови за Ковид-19 досега во Турција изнесува 340.380.



Слични вести