За викендов во 31 град во Турција прогласен полициски час

Ова не е нормален полициски час, туку само мерка за заштита од Ковид-19

1395750
За викендов во 31 град во Турција прогласен полициски час

Борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција продолжува со голема сериозност.

Во тие рамки во претстојните два дена во 31 град во Турција беше прогласен полициски час.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полицискиот час беше прогласен во 31 град во Турција и ќе трае до 24.00 часот на 12 април.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во врска со прашањето рече:

„Ова не е нормален полициски час. Ова е мерка преземена во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19. Ќе заврши во недела навечер во 24.00 часот.“



Слични вести