Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ

Турските командоси во подрачјата на операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот во северниот дел на Сирија неутрализираа 6 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во овие подрачја

1395424
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи на ПКК/ЈПГ

Во подрачјата на операциите Еуфратски штит, Маслиново гранче и Извор на мирот во северниот дел на Сирија, се неутрализирани 6 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат и да извршат напади во овие подрачја.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во подрачјето на Еуфратски штит е неутрализиран 1 терорист, Маслиново гранче 3 и во подрачјето на операцијата Извор на мирот двајца терористи на ПКК/ЈПГ.

„Од страна на нашите јуначки командоси се неутрализирани 1 терорист во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, 3 во операцијата Маслиново гранче и 2 во операцијата Извор на мирот кои се обиделе да се префрлат и да извршат напади за нарушување на средината на спокојство и доверба.“ - стои во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести