Турција испрати медицинска помош на Велика Британија во борбата против коронавирусот

Воениот карго авион од типот A400M натоварен со медицинска помош од воениот аеродром Етимесгут во главниот град Анкара полета за Велика Британија

1395232
Турција испрати медицинска помош на Велика Британија во борбата против коронавирусот
Turquia.jpg
Türkiye İngiltere Yardım.2.jpg
Türkiye İngiltere Yardım.1.jpg
Türkiye'den Iingiltere'ye tıbbi yardım.jpg

Турција испрати медицинска помош на Велика Британија за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Воениот карго авион од типот A400M натоварен со медицинска помош од главниот град Анкара полета за Велика Британија.

Материјалите со медицинска помош составена од маски N95 и заштитна облека, подготвени од страна на Министерството за здравство на Турција и натоварени на воениот карго авион од типот A400M од воениот аеродром Етимесгут во Анкара се испратени за Велика Британија.

На карго пратките на турски и англиски јазик беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку ли бројни надежи има зад безнадежноста. Колку ли бројни сонца има зад темнината.“

Се планира да бидат испратени матерјали со медицинска помош за Велика Британија и утре.

Инаку, Турција во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) претходно им испрати медицинска помош и на Италија и Шпанија, како и на 5 балкански земји и тоа Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Досега Турција има испратено помош за борба против Ковид-19 на повеќе од 40 земји во светот.



Слични вести