Претседателот Ердоган: Самитот на Турскиот совет ќе ја зајакне нашата солидарност во борбата против епидемијата

Претседателот Ердоган истакна дека во моментов целото човештво води една тешка војна против еден невидлив непријател и изрази уверување дека самитот на Турскиот совет ќе ја зајакне солидарноста во борбата против коронавирусот

1395366
Претседателот Ердоган: Самитот на Турскиот совет ќе ја зајакне нашата солидарност во борбата против епидемијата
ولسمشر اردوغان

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку видеоконференција учествуваше на вонредниот лидерски самит на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) што се одржа на тема „Соработка и солидарност против епидемијата на Ковид-19“.

Ердоган истакна дека додека се води борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од една страна треба да се прават подготовки и за периодот по епидемијата.

Велејќи дека во моментов целото човештво води една тешка војна против еден невидлив непријател, претседателот Ердоган напомена дека самитот на Турскиот совет ќе ја зајакне солидарноста во борбата против коронавирусот и го рече следното: „Верувам дека ќе излеземе зајакнати од овој проблематичен процес.“

Ердоган појасни дека Турција ги стави во примена превентивните мерки уште од првиот ден кога почна да се шири вирусот и рече дека досега не е доживеан некој сериозен проблем.

„Освен тоа што ги обезбедуваме нашите сопствени потреби се обидуваме да бидеме и покрај нашите браќа. Барањата коишто пристигнуваат од ваша страна ги разгледуваме како приоритетни.“ - рече претседателот Ердоган и нагласи дека под дејство на епидемијата истовремено се соочуваме и со една социоекономска криза во глобални димензии.

Подвлекувајќи дека треба да се стават во примена најпрактични решенија во сфери како што се транспортот, царините и граничните премини, земајќи го притоа во предвид здравјето на народот, Ердоган предложи по пат на видеоконференција да се состанат и министрите за транспорт и трговија на земјите членки на Турскиот совет.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во својот говор преку видеоконференција го рече следното: „Сигурно ќе извојуваме победа во војната против коронавирусот. Додека ја водиме нашата борба од една страна треба да правиме подготовки и за периодот по епидемијата. Треба да пристапиме на сеопфатен начин од здравјето до трговијата и од економијата до општествената психологија, да ги утврдиме сферите на соработка и интензивно да ги фрлиме потребните чекори.“

 



Слични вести