Пораки со благодарност од британските функционери до Турција за испратената медицинска помош

Турскиот воен карго авион од типот A400 M кој во рамките на борбата против епидемијата беше натоварен со материјали со медицинска помош, слета на воениот аеродром Бриз Нортон во близина на главниот град Лондон

1395643
Пораки со благодарност од британските функционери до Турција за испратената медицинска помош

Медицинската помош којашто ја испрати Турција на Велика Британија за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) пристигна во оваа земја, по што почнаа да пристигнуваат и изјави со благодарност од британските функционери за испратените медицински материјали.

Воениот карго авион од типот A400 M во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кој во рамките на борбата против епидемијата беше натоварен со материјали со медицинска помош, слета на воениот аеродром Бриз Нортон во близина на главниот град Лондон.

Делегацијата која се наоѓаше во авионот им ги предаде на британските функционери материјалите со медицинска помош коишто ќе се користат во борбата против Ковид-19.

Амбасадорот на Турција во Лондон Умит Јалчин истакна дека помошта претставува иницијатива за солидарност и поддршка од Турција на Велика Британија пред тешката и проблематична состојба со којашто се соочува поради оваа епидемија.

Велејќи дека поради логистичкото значење на базата не се дозволува да влезе никој од надвор, амбасадорот Јалчин информира дека делегацијата на Министерството за национална одбрана која се наоѓаше во авионот им ја предаде испратената помош на британските функционери.  

Тој истакна дека медицинската помош се состои од помошна опрема за заштита како што се маски, заштитна облека, ракавици и наочари, а исто така ја сподели и информацијата дека освен со турската делегација разговарал и со британскиот командант од чија страна била примена помошта.

Амбасадорот Умит Јалчин рече дека британскиот командант го примил и писмото испратено од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган до британскиот премиер Борис Џонсон кој се наоѓа на лекување од Ковид-19, на што пак и се заблагодарил на Турција за „доставената помош во едно вакво проблематично (тешко) време.“

Амбасадорот Јалчин додаде дека бил побаран и од страна на министерот за Европа во британското министерство за надворшени работи Венди Мортон кој исто така се заблагодарил за испратената помош.

Во меѓувреме, и амбасадорот на Велика Британија во Анкара Доминик Чилкот на својот профил на социјалнатта медија го објави следното соопштение: „Голема благодарност до нашиот пријател и сојузник Турција за оваа дарежлива понуда. Оваа заштитна опрема е од животно значење за британските здравствени работници кои се наоѓаат во првите редови во борбата против Ковид-19.

Велејќи дека испратената помош во едно вакво тешко време претставува извонреден пример на солидарност и соработка, британскиот амбасадор во Анкара Доминик Чилкот го истакна следното: „Пријателот се познава во црни денови. Верувам дека нашата соработка во секоја сфера ќе продолжи со нејзино зголемување уште повеќе и во иднина во денови во здравје.“

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели следната објава: „НАТО сојузниците се потпомагаат (си помагаат едни на други) во оваа наша заедничка војна против Ковид-19.“



Слични вести