Пентагон: Ја цениме помошта на Турција за Италија и Шпанија во борбата против Ковид-19, Турција е дарежлива земја

Заменик потсекретарот на Пентагон Мајкл Рајан истакна дека САД ја ценат доставената медицинска помош од страна на Турција на Италија и Шпанија во борбата против епидемијата на Ковид-19

1395612
Пентагон: Ја цениме помошта на Турција за Италија и Шпанија во борбата против Ковид-19, Турција е дарежлива земја

Заменик потсекретарот на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) на САД одговорен за НАТО и Европа Мајкл Рајан, преку видеоконференција одржа состанок за претставниците на печатот во Пентагон кадешто говореше за тоа дека меѓу земјите членки на НАТО станува збор за значајна соработка по прашањето на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

На едно поставено прашање, Рајан истакна дека ја ценат доставената медицинска помош од страна на Турција на Италија и Шпанија, во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19.

Велејќи дека Русија и Кина во земјите членки на НАТО шират дезинформација во врска со епидемијата, Мајкл Рајан рече: „Шпанија и Италија се крајно благодарни за доставената помош од страна на Турција. Не сум информиран за тоа дали Турција и помогна на некоја друга земја (во Европа), меѓутоа доколку доставила тоа нема да ме зачуди, бидејќи Турција е доста дарежлива земја.“ 

Инаку, Турција им испрати медицинска помош на Италија и Шпанија кои се најпогодени земји од епидемијата на новиот тип коронавирус, како и на уште 5 балкански земји (Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора), потоа на Велика Британија, Либија, Либан и на други земји.

Медицинската помош испратена на овие земји во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се состои од маски и заштитна облека и опрема произведени со домашни и национални можности во фабриките и шивачниците во склопот на Министерството за национална одбрана и од страна на Институцијата за машинска и хемиска индустрија.



Слични вести