Потврдени 96 нови смртни случаи од Ковид-19 во Турција... Вкупната бројка се искачи на 908 лица

Вкупниот број на смртните случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 908 лица, на случаите на зараза на 42.282, додека досега се излекувани 2.142 лица

1394928
Потврдени 96 нови смртни случаи од Ковид-19 во Турција... Вкупната бројка се искачи на 908 лица

Во Турција во последните 24 часа се потврдени уште 96 смртни случаи од новиот тип коорнавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на починатите во земјата се зголеми на 908 лица, а на случаите на зараза на 42.282.

Во последните 24 часа од болеста оздравеа уште 296 лица и вкупниот број на досега излекуваните и оздравените достигна до 2.142 лица.

Во последниот ден се направени и уште 28.578 тестови од кои се утврдени 4.056 нови случаи на зараза, а вкупниот број на заразени од вирусот се зголеми на 42.282 лица.

На тој начин досега во Турција се направени вкупно 276.338 тестови.

 

 

 

 



Слични вести