Пофалба од НАТО до Турција за испратената помош на балканските земји во борбата против коронавирусот

НАТО во врска со помошта на Турција на 5 балкански земји (Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово) соопшти дека Турската иницијатива е најпоследниот пример на борбата на сојузниците против пандемијата на Ковид-19

1394950
Пофалба од НАТО до Турција за испратената помош на балканските земји во борбата против коронавирусот

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) во врска со помошта којашто им ја достави Турција на балканските земји ја изнесе следната проценка: „Турската иницијатива е најпоследниот пример на борбата на сојузниците против пандемијата на Ковид-19.“

Во објавеното писмено соопштение од НАТО се истакнува дека во рамките на борбата против Ковид-19 страна на Министерството за здравство на Република Турција им е обезбедена помош во медицински материјали на Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово.

Во соопштението се појаснува дека медицинските материјали составени од маски, заштитна облека и комплети за тестирање беа испратени од воениот аеродром Етимесгут во главниот град Анкара со помош на воен авион на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), а воедно се истакнува дека на карго партките беа напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку ли бројни надежи има зад безнадежноста. Колку ли бројни сонца има зад темнината.“

Во соопштението на НАТО се потсетува дека Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина се обратија за помош со посредство на Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и се вели следното: „Турската иницијатива е најпоследниот пример на борбата на сојузниците против пандемијата на Ковид-19“.



Слични вести