Челик: Турција во најтешки времиња им доставува помош на балканските земји, а ЕУ ја нема да се види

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик истакна дека Турција во најтешки времиња им доставува помош на балканските земји, а за Европската унија рече дека ја нема никаде

1394880
Челик: Турција во најтешки времиња им доставува помош на балканските земји, а ЕУ ја нема да се види

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик изнесе проценки во врска со медицинската помош којашто Турција им ја испраќа на балканските земји со цел да им се достави поддршка во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и ставот на европските земји во овој процес.

Велејќи дека низа пати ги има слушнато изјавите на голем број политичари во склопот на Европската унија (ЕУ) околу тоа дека "треба да се спречи растечкиот авторитет на Турција на Балканот", Омер Челик на споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: "Единствената цел на некои европски 6во врска со Балканот еше изградена над разбивање на влијанието на Турција. Кога Балканот има потреба од помош во врска со епидемијата на вирусот не се гледа ниту една од нив. Турција пак, во најтешки времиња им доставува помош на балканските земји. Она што го прави Турција сама, Европската унија (ЕУ) не можеше да го направи ниту за Италија и Шпанија, ниту за балканските земји."

Челик напомена дека Турција како коренита и силна европска држава покажа дека е гаранција за европската географија.

"Европа не може да се дефинира без Турција. Не е видено авионот на некоја од силните европски држави да лета над Италија, Шпанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Косово. Турција пак, во име на хуманата солидарност е знаменосец секаде. Турција сама извршува одговорност на ниво на континентот во име на хуманитарната солидарност, историските врски, регионалната и глобалната одговорност." - рече Омер Челик. 

Тој во својата објава укажа и на тоа дека Турција е единствената земја која би можела да се покаже како пример во име на НАТО солидарноста.

Потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Нуман Куртулмуш, исто така во својата проценка на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: "Ние како блиски пријатели со балканските народи ќе продолжиме да  бидеме во солидарност во овие црни (тешки, лоши) денови. Помошта којашто Турција им ја доставува на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Србија, претставува показател за тоа дека Таа освен во добри денови е пријател и во лоши денови."



Слични вести