Благодарност од НАТО до Турција за испратената помош на земјите сојузнички за борба против Ковид-19

Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE) и се заблагодари на Турција за доставената медицинска помош на балканските земји во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1394730
Благодарност од НАТО до Турција за испратената помош на земјите сојузнички за борба против Ковид-19

Од Врховниот штаб на НАТО сојузничките сили во Европа (SHAPE) на Организацијата на Северноатлантскиот договор НАТО во белгискиот град Монс,  и е заблагодарено на Турција за испратените материјали за медицинска помош на Босна и Херцеговина во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во споделената порака на официјалниот профил на SHAPE преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: "Турција во контекст на борбата против Ковид-19 и испрати помош на Босна и Херцеговина. НАТО сојузниците и партнери продолжуваат да се поддржуваат меѓусебно во периодот на пандемијата и покажуваат дека заедно сме посилни." 

Од друга страна, и НАТО на својата официјална страница на интернет ги сподели пораките во врска со помошта којашто Министерството за национална одбрана на Турција ја испрати на 5 балкански земји и тоа Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. 

Инаку, Турција со цел поддршка на борбата против епидемијата на Ковид-19 со воен карго авион им испрати медицинска помош на наведените балкански земји.

Воениот карго авион натоварен со медицински материјали составени од маски, заштитна облека и комплети за брзо тестирање коишто беа подготвени од страна на Министерството за национална одбрана на Турција, им ја достави помошта наменета за петте балкански земји, Северна Македонија Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.



Слични вести