Во напад на терористите на ПКК кај градот Дијарбакир загинаа 5 цивили

Припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК експлодираа рачно изработена бомба во населеното место Кулп, кај градот Дијарбакир, при што во експлозијата загинаа 5 мина цивили

1393623
Во напад на терористите на ПКК кај градот Дијарбакир загинаа 5 цивили

Во реализиран напад од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз селаните кои оделе на сечење дрва во шумата во населеното место Кулп, кај градот Дијарбакир, загинаа 5 мина цивили.

Во објавеното соопштение од губернијата се истакнува дека во раните утрински часови во руралното подрачје на маалото Ѓулеч во населеното место Кулп во моментот на поминување на возило во кое се наоѓале селани кои оделе на сечење дрва во шумата од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК била експлодирана поставена рачно изработена бомба.

Во соопштението се истакнува следното: „Во терористичкиот напад во Кулп станаа шехиди (загинаа) 5 наши цивилни граѓани“ и се вели дека од страна на безбедносните сили е започната операција за утврдување и фаќање на извршителите на терористичкиот напад.

Во соопштението им се посакува милост од Аллах на граѓаните шехиди (загинати), се изразува сочувство до нивните семејства, блиските и турскиот народ и се посакува трпение.

Потпретседателот Фуат Октај во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер, на шехидите (загинатите) во реализираниот напад од страна на терористите на ПКК во населеното место Кулп кај градот Дијарбакир им посака милост од Аллах и го достави своето сочувство до нивните семејства и до народот.

„Ќе и се возврати неколкукратно на организацијата која ја продолжува својата подлост во овие тешки денови низ кои поминува човештвото.“ - напиша потпретседателот Фуат Октај на својот профил на Твитер.

Во меѓувреме, и министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава во програмата на Турската радио и телевизија ТРТ Хабер во врска со терористичкиот напад во населеното место Кулп рече: „ Нашата борба продолжува внатре во земјата и надвор од земјата. Сигурно ќе ја платат сметката за тоа.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истоп така во објавата што ја сподели на својот профил на Твитер напиша: „Сепаратистичко-терористичката организација ПКК уште еднаш го покажа своето подло лице. Сигурно ќе им се даде потребниот одговор на предавниците.“



Слични вести