Турција испрати медицинска помош за Северна Македонија и уште 4 балкански земји за борба против коронавирусот

На барање на Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Турција им испрати медицинска помош на овие балкански земји во борбата за справување со коронавирусот

1393575
Турција испрати медицинска помош за Северна Македонија и уште 4 балкански земји за борба против коронавирусот
Balkan Yardım.2.08.04.jpg
balkanlara yardim 3.jpg
balkanlara yardim 2.jpg
Balkan Yardım.3.08.04.jpg
Turkiye balkanlar tibbi yardim.jpg

Турција испрати медицинска помош за балканските земји за борба против новиот тип коронавирус (Ковид 19).

Од Анкара полета воен карго авион со медицинска помош наменета за Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Помошта на наведените балкански земји е испратена на нивно барање и по инструкјција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Медицинската помош составена од маски, заштитна облека и комплети за брзо тестирање на Ковид-19 подготвени од страна на Министерството за здравство, од воениот аеродром Етимесгут во главниот град Анкара беше натоварена на воениот карго авион од типот A400M кој потоа полета за наведените балкански земји.

На сандаците со испратените материјали за помош, на јазикот на земјите за кои е наменета помошта и на турски јазик, се напишани следните зборови на големиот турски мислител, хуманист, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми: „Колку бројни надежи има по безнадежноста. Колку бројни сонца има по темнината.“

Испратениот авион со медицинска помош најпрвин ќе слета во Србија, а потоа и во другите наведени балкански, Северна Македонија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

Во меѓувреме, претседателот на Косово Хашим Тачи истакна дека неговата земја им е благодарна на Турција и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кои и помогнаа во едно вакво неспоредливо време, кога целиот свет води борба против Ковид-19. 

Тачи во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека разговарале телефонски со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и дека неговата земја ја прими испратената помош во медицински материјали.

Косовскиот претседател Хашим Тачи во својата споделена објава го додаде и хаштагот „strongerwithallies“ (со сојузниците посилни) и го напиша следното: „Длабоко сме им благодарни на претседателот Ердоган и на Турција кои му доставија поддршка на Косово во едно вакво неспоредливо време.“

Турција, минатата недела им испрати медицинска помош и на Италија и Шпанија, за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести