Синоќа муслиманите ја одбележаа светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со честитка по повод одбележувањето на светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)

1393543
Синоќа муслиманите ја одбележаа светата ноќ Берат (Лејлетул Берат)
cumhurbaskanı erdoğan'dan 1915 olayları mesajı yç mak.jpg

Синоќа исламскиот свет ја одбележа светата ноќ Берат, која се смета за предвесник на муслиманскиот месец на постот Рамазан.

Во рамките на преземените превентивни мерки во борбата за справување со новиот тип коронавирус (Ковид-19), верниците наместо да одат во џамиите светата ноќ Берат (Лејлетул Берат) ја поминаа со читање дови (молитви) во своите домови.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така во пораката со честитка што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер, го напиша следното: „Ноќта Берат кога милоста на Аллах го преплавува целиот универзум и кога се наговестува Рамазан-и Шериф (честитиот Рамазан), посакувам од Севишниот да стане повод за добрини за нашиот народ, исламскиот свет и за целото човештво. Нека ни е честита оваа наша ноќ.“ 

Претседателот Ердоган во својата објава го сподели и ајетот број 4 од сурата Духан во светата муслиманска книга Куранот, во кој се вели дека „Таа ноќ се одредува и решава секоја мудра (доблесна работа).“

 



Слични вести