Министерот Пакдемирли: Во Турција не постои недостаток во безбедноста на снабдувањето со храна

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли информира дека во Турција не постои одреден недостаток во безбедноста на снабдувањето со храна

1394012
Министерот Пакдемирли: Во Турција не постои недостаток во безбедноста на снабдувањето со храна

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли истакна дека беа преземени некои чекори уште пред да биде регистриран првиот случај на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција. 

Пакдемирли информира дека во Турција не постои одреден недостаток во безбедноста на снабдувањето со храна и го рече следното: „Фрливме одредени чекори пред да биде забележан првиот случај на Ковид-19 во нашата земја. Најзначајното од нив беше тоашто ги усмеривме синџирите на продажба на мало по прашањето да бидат подготвени пред можните тешкотии коишто би биле доживеани во иднина. Благодарение на тоа залихите во нашите маркети се добри и рафтовите се полни. И досега во нашата земја не се соочивме со слики на маркети коишто беа доживеани во голем број земји во светот.“

Велејќи дека за да би била формирана една силна земјоделска и шумска инфраструктура во последните 17 години се ставени во примена бројни трудови, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли го додаде следното: „Во овие рамки, со покачување за 645 отсто нашите земјоделски приходи ги зголемивме на 275 милијарди турски лири.  Дадовме земјоделска поддршка од 308 милијарди турски лири. Изградивме 565 брани. Отворивме за наводнување 6,6 милиони хектари земјиште (поседи). Засадивме 4,5 милијарди фиданки. Нашето производство на семе го зголемивме за 8 пати. Нашиот извоз на семе го покачивме за 10 пати. Освен тоа, со нашиот земјоделски извоз од 18 милијарди долари и нашиот надворешен трговски суфицит (вишок) од 5,3 милијарди долари сме дојдени во нето положба на извозник.“

 



Слични вести