Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 812 лица

Во последните 24 часа остварени се 38 226 тестови од кои 4 117 позитивни

1394107
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Турција се зголеми на 812 лица

Бројот на смртни случаи од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Турција се зголеми на 812 лица.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 87 лица и вкупно изнесува 812 лице.

Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа биле остварени 38 226 тестови од кои 4 117 биле позитивни.

Со подобрувањето на уште 264 лица, вкупниот број на оздравените пациенти кои беа отпуштени од болница изнесува 1 846, се истакнува во соопштението.



Слични вести