Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со началникот на иранскиот Генералштаб Багери

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во телефонскиот разговор истакна дека почнувајќи од моментот на регистрирање на првиот случај на зараза од Ковид-19 набрзина и со одлучност почнаа да се преземаат неопходните превентивни мерки за борба

1392953
Министерот Хулуси Акар разговараше телефонски со началникот на иранскиот Генералштаб Багери

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со началникот на генералштабот на Иран Мухамед Багери.

Според објвеното писмено соопштение од Министеството за национална одбрана, министерот Акар во телефонскиот разговор истакна дека почнувајќи од моментот на регистрирање на првиот случај на зараза од новиот тип коронаврус (Ковид-19) набрзина и со одлучност почнаа да се преземаат неопходните превентивни мерки.

Велејќи дека продолжуваат да се развиваат домашни и национални производи искористувајќи ги притоа националните можности и способности, Хулуси Акар рече дека во тие рамки со секој поминат ден се зголемува и капацитетот на Министерството.

Подвлекувајќи дека Турција е подготвена за утврдување на дополнителните мерки коишто би можеле да се презмат и за координирање на обидите помеѓу двете земји и споделување на знаењата и искуствата во врска со смртоносниот вирус, како би можела да се спречи поголемата штета од епидемијата, министерот за национална одбрана Хулуси Акар појасни дека Турција исто така е подготвена доколку затреба да му ги достави на пријателскиот ирански народ домашните и националните медицински производи коишто ги произведува.



Слични вести