На инструкција на претседателот Ердоган ќе им бидат раздадени бесплатно маски на граѓаните

На инструкција на претседателот Ердоган на сите граѓани на возраст од 20 до 65 години кои ќе го пополнат формуларот преку интернет на адреса https://maske.epttavm.com ќе им бидат раздадени бесплатно неделно по 5 маски

1391927
На инструкција на претседателот Ердоган ќе им бидат раздадени бесплатно маски на граѓаните

Шефот на одделот за комуникации во претсеадтелскиот кабинет Фахреттин Алтун соопшти дека на инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе им бидат раздадени бесплатно маски на граѓаните од 20 до 65 годишна возраст.

Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека на инструкција на претседателот Ердоган и во координација на министерствата за здравство и транспорт и инфраструктура на сите граѓани на возраст од 20 до 65 години кои ќе го пополнат формуларот преку интернет на адреса https://maske.epttavm.com ќе им бидат раздадени неделно по 5 маски.

Маските преку пошта ќе им бидат испратени на адресата на граѓаните бесплатно.

Граѓаните во формуларот ќе ги внесат и податоците на членовите на семејството за кои ќе сакаат да им бидат испратени маски.



Слични вести